Елиминација на Вознијацки на завршниот турнир во Сингапур

Минатогодишната победничка Каролина Вознијацки не обезбеди пласман во полуфиналето на завршниот ВТА турнир во Сингапур. Во завршното коло од групната фаза Вознијацки загуби од Елина Свитолина во три сета со 7-5, 5-7, 3-6.

Бранителката на титулата уште од стартот имаше потешкотии, но успеа да го добие првиот сет со 7-5. Но не успеа да го издржи притисокот во вториот сет кој го загуби со 5-7, а со тоа и шансата за пласман во полуфиналето. Свитолина потоа рутински ја заврши работата во третиот сет и стигна до победа што и носи место меѓу најдобрите четири.

Со оваа победа Свитолина заврши на првото место во „белата група“, а втора е Каролина Плишкова, а без пласман во завршницата од оваа група останаа бранителката на титулата, Вонијацки и Петра Квитова.

Се вчитува...