Елиминација за Црвена Звезда, Барселона и Сити со пресврти до првите места (ВИДЕО)

Фудбалерите на Црвена Звезда се елминирани од Европа по поразот во Берн од 2-0, и сигурно ќе завршат како последнопласирани во групата. Швајцарскиот првак најпрво со автоголот на Недељковиќ и 8. минута дојде до предност. Блум во 29. минута веќе донесе 2-0 за домашниот тим. 

Српскиот првак во вториот дел имаше неколку шанси, ја погоди и стативата, но премалку да се спаси од пораз.

Во истата група, Манчестер Сити после голем пресврт стигна до победата над Лајпциг, и го обезбеди првото место во групата. Германците со двата гола на Опенда во првиот дел, односно во 13. и во 33. минута водеа 0-2. Халанд во 55. минута најпрво намали, Фоден во 70. минута, за Алврез во 87. минута да донесе победа за европскиот првак. Инаку претходно беше поништен гол на Лајпциг за 2-3.

Првото место во групата го обезбеди и Барселона со победата со пресврт над Порто. Пепе во 30. минута донесе гостинско водство, а Кансело само две минути подоцна израмни, за Феликс во 57. минута донесе предност и победа за Барселона.

Атлетико Мадрид со триумф во Ротердам над Феенорд се пласираше во 1/8 финалето заедно со Лацио, кој претходно го совлада Селтик. Атлетико со автоголот на Гертруда водеше, Хермосо во 57. минута донесе 0-2, Феенорд намалку преку Вифер, а печат на победата стави Хименес со автогол.

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...