Елмас асистира, Наполи победува – триумф против Лацио (ВИДЕО)

Наполи на нашиот Елиф Елмас славеше со 1-2 против Лацио во 27. коло од италијанското првентво. Неаполитанците стигнаа до гол во второто полувреме, но Лацио успеа да изедначи во самата завршница по што тритте бода ги донесе Руи во судиското продолжение.

Македонскиот репрезентативец натпреварот го започна од клупата, но доби шанса во 57. минута, а само пет минути подоцна асистираше за голот на Инсиње. Педро во 88. минута ја затресе мрежата за изедначување, но последното славје им припадна на гостите кои преку Руи во 94. минута стигна во важни бодови.

 

Се вчитува...