Елмас асистира, за еврогол на Руиз (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас игра во одлична форма, а тоа го потврди и на мечот помеѓу Наполи и Болоња во кој по само 18. минути игра успеа да асистира за погодокот на својот тим.

Дваесетидвегодишникот умешно се снајде по изгубената топка на противникот и додаде до својот соиграч, Фабиан Руиз кој со одличен удар надвор од шестнаестникот го совлада голманот на Болоња.

 

Се вчитува...