Еден од најдборите македонски фудбалери на денешницата Елиф Елмас и неговата Аталанта стигнаа до победа на домашен терен од 3-1 против Венеција во натпревар од 6. коло од новата сезона во Серија А.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Кесие во 4. минута, а само две минути подоцна нашиот интернационалец кој се најде во стартните 11 на тимот од Бергамо му асистираше на Крстовиќ за 2-0. Крстовиќ со својот втор гол во 30. минута зголеми на 3-0, а до крајот на првиот дел во листата на стрелци се запишаа и гостите (3-1) со голот на Хаинаут во 37. минута.
Atalanta 2-0 Venezia – Nikola Krstovic 6'
byu/Meladroit10 insoccer
Во финишот на мечот, Елмас непотребно преостро стартуваше над противничкиот играч. Главниот судија на мечот, Тремолада прво му покажа на Македонецот жолт картон, но по проверка на ВАР мораше да му даде црвен картон.
Eljif Elmas (Atalanta) straight red card against Venezia 89'
byu/Meladroit10 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
