Интер без Лаутаро Мартинез на подолг период

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, се здоби со повреда на левиот бут и нема да може да игра еден месец, соопшти италијанскиот клуб.

„Лаутаро Мартинез денеска беше подложен на прегледи во институтот ‘Хуманитас’ во Роцано. Прегледите покажаа дека станува збор за воспаление на мускул од задната ложа на левиот бут“, се наведува во соопштението на клубот.

Не е прецизирано колку точно време Мартинез ќе отсуствува од терените, но според „Газета дело Спорт“ и телевизијата „Скај“, Аргентинецот ќе паузира до следната репрезентативна пауза, што значи околу еден месец.

Во вторникот, Мартинез постигна два гола во поразот на Интер со 3-4 од Клуб Бриж во второто коло од Лигата на шампионите. Тој го одигра целиот натпревар.

Се вчитува...