Зверев рутински до полуфинале во Шангај

Еден од најдобрите тенисери на денешницата Александер Зверев се пласираше во полуфиналето на АТП мастерс 1000 турнирот кој се игра во кинескиот Шангај.

Во четвртфиналето Германецот славеше над Алекс де Минор од Австралија со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-4. Во полуфиналето Зверев за противник ќе го има Шпанецот, Алехандро Давидович-Фокина.

Второто полуфинале ќе биде познато утре по завршување на мечевите меѓу Ходар – Руд и Медведев – Пол.

Се вчитува...