Нов проблeм за Рома – се повредиja уште двајца стандардни првотимци

Рома супериорно ја стартуваше новата сезона, но изминатите неколку седмици донесоа серија проблеми за тренерот Гасперини, кој за кратко време остана без неколку клучни играчи во тимот.

Најпрвин се повреди искусниот Кристанте, пред крајот на репрезентативната пауза на располагање веќе не беше ниту голманот Свилар кој ќе биде во аут еден месец, а на синоќешниот дуел со Реал Мадрид настрада и Ману Коне. Клучниот играч во средниот ред се пожали на повреда по само петнаесетмина минути игра на „Олимпико“, веднаш стана јасно дека проблемот е сериозен и тој на носилки го напушти теренот.

Деталните прегледи ќе покажат колку ќе изнесува паузата, но голема е опасноста овој фудбалер да не го видиме повторно на терените до крајот на 2026 година.

Згора на тоа, Пауло Дибала се повреди пред крајот на првото полувреме и на паузата мораше да биде заменет од страна на Гасперини.

Рома во следното коло од Серија А ќе се сретне со Џенова, дуел за кој Гасперини на располагање ќе го нема ниту најдобриот стрелец Мален, кој доби црвен картон минатата рунда против Комо.

Се вчитува...