Руни за Роналдо: Тешко поднесува дека му се ближи крајот

Вејн Руни и Кристијано Роналдо немаа најдобра соработка пред заминувањето на Португалецот од Манчестер јунајтед, а легендарниот англиски голгетер имаше што да каже за однесувањето на ветеранот и неговото предвремено напуштање на репрезентација.

Според Руни, она што Кристијано го направи ги надминува границите на нормалното однесување.

„Прво прашање што си го поставувам е ЗОШТО? Целосно е погрешно на таков начин да ги поткупуваш тренерот и соиграчите. Не можете на селекторот да му кажете што тој ќе каже на прес-конференција, едноставно не можете. Никогаш во животот не сум видел ништо слично. Искрено, сето тоа е тешко за гледање, тешко за процесирање. Секо фудбалер доаѓа до точка кога треба да се повлече од репрезентацијата, тоа е природен процес, ништо лошо. Кристијано за жал не се носи добро со фактот дека му се ближи крајот“, истакна Руни.

Се вчитува...