Животот поважен од парите: Откажан е турнирот на кој тенисерите добиваат до 2 милиони долари само за настап

Екгизбицискиот турнир кој од 21 до 24 октомври требаше да се одржи во Ријад, Саудиска Арабија, е откажан. Причина за откажувањето се нападите на Хутите на аеродромот во Ријад во кои досега загинаа 12 лица, а преку 300 се повредени.

Организаторите во соопштението објавија дека новиот термин за турнирот е од 27 до 30 декември, но одржувањето ќе зависи од ситуацијата на Блискиот Исток.

На турнирот требаше да учествуваат Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз, Александер Зверев, Тејлор Фриц, Алекс де Минор и Лернер Тиен кој влета како замена за Јаник Синер кој е повреден и нема да настапува годинава.

Егзибицискиот турнир „Шесте тениски кралеви“ нуди богати награди за тенисерите кои ќе настапат. За самиот настап, тенисерите имаат загарантирани помеѓу 1.5 и 2 милиони долари, додека победникот ќе добие чек во висина од шест милиони долари.

Се вчитува...