Манчестер Сити го загуби дербито на колото во ЛШ, на домашен терен од европскиот првак ПСЖ, но Ерлинг Халанд дури и во овој пораз ја покажа класата продолжувајќи ја својата неверојатна серија кога станува збор за настапите во елитното европско натпреварување.
Имено, со двата гола синоќа на „Етихад“ норвеппкиот ас стигна до бројката од 61 постигнат погодок, цифра што е уште позастрашувачка ако се знае дека Ерлинг има повеќе голови (61) отколку одиграни натпревари (60) во ЛШ.
Воедно, Халанд стана фудбалерот што најбрзо стигнал до бројката од 60 голови, за само 60 одиграни средби. Само за споредба, досегашен рекордер во оваа категорија беше Лео Меси кој 60. гол го постигнал во својот 80. меч од Лигата на Шампионите, на Мбапе за оваа бројка му беа потребни 89 настапи, а на Кристијано Роналдо дури 98.
Исто така, Халанд стана и најмлад фудбалер што стигнал до 60 постигнати погодоци (26 години и 85 дена), за само еден ден уривајќи го рекордот на Меси (26 години и 86 дена).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
