Римјаните не забораваат: Аве Мурињо – кој ќе донесе трофеј, Рома ќе го сака засекогаш

Жозе Мурињо синоќа дојде на „Олимпико“ како гостин предводејќи го Реал Мадрид, но навивачите на Рома не заборавија се што „специјалниот“ направи во времето минато на кормилото на овој клуб.

Така, во 9. минута од дуелот на трибината кај најверните фанови на римјаните се развеаја слики од Мурињо со трофејот од Лигата на Европа, што Португалецот пред четири години го освои со Рома.

„Оној што ќе донесе слава на Рома, Рома ќе го сака засекогаш“, беше напишано на транспарентот посветен на „специјалниот“.

Се вчитува...