Жозе Мурињо не го криеше воодушевувањето од супер-финишот на Реал Мадрид и големиот пресврт за победа на „Олимпико“ против Рома.
„Кралевите“ долго се мачеа, до 83. минута беа во негатива од 3-1, но сепак со неверојатен финиш успеаја да постигнат три гола и да стигнат до победата.
„Може да кажеме дека ова беа две средби во една, во онаа првата Рома беше супериорна во секој аспект, но потоа Реал беше незапирлив во оние завршни 20 минути. Беше изненадување што го користеа Матијас Суле како крило, креирајќи супериорност на тој дел од теренот. После голот за 3-1 се обидоа да го умртват мечот, но на крајот „мртви“ беа тие, фудбалерите на Рома. ние тргнавме на се или ништо бидејќи беше сеедно дали ќе примиме три, четири или пет гола. Заигравме доминантно, напаѓавме во бранови, креиравме шанси од минута во минута, а римјаните не можеа да ја запрат лавината од офанзивен фудбал што го покажавме“, изјави во свој стил Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
