Олимпијакос со неверојатен пресврт се врати од „минус 28“ и победи во Валенсија, а само неколку часа подоцна Тајлер Дорси ги шокираше сите со објава против стручниот штаб.
Поентерот очигледно е незадоволен од се помалата минутажа што ја има сезонава, порачувајќи „ако сум така лесно заменлив, зошто не ме пуштеа да си заминам“, потсетувајќи дека европскиот првак летово одби богата понуда од грчкиот ривал ПАОК за Дорси.
Реакцијата на управата беше брутална – Олимпијакос утревечер гостува во Барселона, но на Дорси му беше соопштено дека не само што нема да биде во тимот, туку и Американецот со грчки пасош мораше предвреме да се спакува и да се врати уште синоќа во Атина.
Дисциплинската постапка ќе утврди каква дополнителна казна ќе му биде изречена на овој кошаркар, но челниците на „црвено-белите“ од Атина јасно ставија до знаење – ниту еден кошаркар на Олимпијакос не смее јавно да ги критикува одлуките на тренерот Барцокас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
