Саутгејт: Нема победник во случајот Сити

Поранешниот селектор на Англија, Герет Саутгејт, вели дека не се гледа себеси како тренер во Премиерлигата, а зборуваше и за „случајот Сити“. Герет Саутгејт не е активен во фудбалот откако поднесе оставка како селектор на Англија, по поразот во финалето на ЕУРО 2024 од Италија (по изведување пенали).

„Не гледам сценарио во кое би го направил тоа. Кон крајот на мојот мандат во Англија, едноставно веќе не уживав во тоа. Во тој последен период, само победите беа она што ме одржуваше. Но, на крајот, дури ни во победите не уживав повеќе од неколку минути. Речиси и да не гледав фудбал“, изјави Саутгејт.

Саутгејт зборуваше и за случајот со Манчестер Сити, клуб кој поднесе жалба на одлуката според која е прогласен за виновен по 114 од вкупно 115 точки за прекршување на правилата на Премиер лигата.

„Ќе има голем притисок од различни навивачки групи, кои ќе бараат Манчестер Сити да биде максимално казнет – да биде исфрлен од лигата, парично казнет, ​​односно да се преземе сè што е можно. Сум присуствувал на состаноци со раководства на клубови, на состаноци во УЕФА и ФИФА. Знам и разбирам колку се сложени овие работи. Според мене, ништо од ова не е добро за фудбалот и нема победници. Ако сте дел од Премиер лигата, можеби накратко ќе почувствувате дека е задоволена правдата, бидејќи сето ова трае предолго. Сигурен сум дека токму тој аспект на правдата е една од причините зошто сè трае толку долго. Тука е и прашањето како да се постапи во целата ситуација, бидејќи мора да се има предвид колку потенцијални правни спорови можат да произлезат од сето ова, колку долго би траеле тие, која би била соодветната казна и како притоа да се осигура дека самиот фудбал ќе продолжи да функционира. Сè е тоа неверојатно сложено“, заклучи Саутгејт.

Се вчитува...