Невремето го оштети, Coca-Cola му даде нов изглед

Силното невреме што летово го погоди Скопје остави траги низ целиот град. Меѓу оштетените беше и еден од најпрепознатливите симболи во центарот – големиот лендмарк на Coca-Cola.

Силниот ветер го оштети црвениот плексиглас на буквите, а под него се појави бела површина. Додека знакот ја чекаше својата поправка, неколку недели можеше да се види во ова „несовршено“ издание.

 

Но, наместо веднаш да го врати стариот изглед, Coca-Cola реши да направи нешто поинакво. Целосно го отстрани оштетениот црвен плексиглас и познатите букви станаа бели. Под нив додаде и нов бел испис zero sugar. Токму  бојата на буквите беше една од промените во освежениот изглед на Coca-Cola Zero Sugar, кој беше промовиран неодамна.

Така, сосема непланирано, еден од најпознатите знаци во Скопје доби ново лице. За да го одбележи моментот, Coca-Cola ја покани Александра Трпеска, креаторка на дигитални содржини позната како Маџестик, симболично да ги вклучи светлата на белите букви. Токму на тоа место е снимено и едно постаро нејзино видео, едно од првите од соработката со Coca-Cola.

 

Наместо оштетувањето да биде само нешто што треба да се поправи, тоа стана повод добро познатиот скопски лендмарк накратко да го видиме во ново светло. Невремето скрши парче, но Coca-Cola заблеска во ново светло.

Оваа мала промена покажува дека понекогаш и нешто сосема непланирано може да биде почеток на добра идеја.

Погледнете го тука видеото од трансформацијата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandra Trpeska (@majestic.at)

Се вчитува...