Лони Вокер има нов клуб

Лони Вокер одлучи да ја продолжи кариерата во Бешикташ. По краткиот престој во Денвер, американскиот бек повторно се свртува кон европската кошарка.

Нагетс го отпуштија оваа недела, а клубот од Истанбул реагираше брзо. По објавата на неговиот агент Мишко Ражнатовиќ, сега и самиот клуб преку својот профил на социјалната мрежа „X“ потврди дека Вокер стана нов член на нивниот тим.

„Полноќната прошетка низ Истанбул никогаш не била повозбудлива отколку вечерва“, напиша Ражнатовиќ.

Американецот веќе има искуство во Евролигата, откако претходно настапуваше за Жалгирис и Макаби Тел Авив. Во својот последен ангажман во израелскиот клуб, тој имаше просек од 15,2 поени, 2,5 скока и 2,3 асистенции.

Се вчитува...