Елмас бара поголема минутажа, Фиорентина и Валенсија ја следат ситуацијата

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас сака во следната сезона да има гаранции за поголема минутажа во дресот на Наполи, во спротивно може да побара да биде ставен на трансфер листа за да најде клуб каде што ќе игра повеќе.

Елмас минатата сезона беше дел на  вкупно 46 натпревари, на голем дел од нив влегуваше од клупата за резерви. Играше и во Лигата на Европа на осум меча, на кои постигна четири гола. Вкупно постигна седум гола и шест асистенции. На 26 меча влегуваше како резерва од клупата, додека на девет беше заменет како стартер. Одигра вкупно 2.338 минути.

Фиорентина и Валенсија се клубовите кои будно ја следат ситуацијата околу Елмас. Виолетовите веќе пројавиле интерес за Елмас, па може да ја искористи оваа ситауција ако Наполи не му гарантира поголема минутажа. Исто така и новиот тренер на Валенсија Џенаро Гатузо би сакал да го види Елмас во своите редови, откако соработуваше со него во минатото во тимот од Неапол. За неговите услуги се интересира и тимот на Милан, кој бара квалитетен играч во средниот ред.

Се вчитува...