Елмас беше стартер, Наполи загуби дома од Болоња

Кризните денови за Наполи во Серија А продолжуваат. „Наполитанците“ загубија од Болоња на домашен терен со 1-2, иако имаа водство со голот на Фернандо Љоренте во 41.минута. Но, вториот дел и припадна на Болоња.

Андреас Сков Олсен израмни во 58.минута, а Никола Сансоне се погрижи за целосен пресврт во 80.минута од дуелот. Во судиското продолжение, Љоренте постигна гол за израмнување, но по прегледувањето на ВАР – снимката не беше признат поради офсајд ситуација.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер во составот на Карло Анчелоти на овој меч и настапи до 65.минута, кога на негово место во игра влезе Дрис Мертенс.

Се вчитува...