Елмас: Благодарам за се мистер Анчелоти

Карло Анчелоти заработи отказа во таборот на Наполи, иако по победата над Генк обезбеди учество во нок-аут фазата од Лигата на шампионите. „Дијамантот“ на македонскиот фудбал, Елиф Елмас му се заблагодари на Карло Анчелоти за соработката која ја имаа во екипата на Наполи.

„Господине ви благодарам за се што направивте за мене. Ми беше задоволство да работам со вас и да ми бидете тренер. Ви посакувам се најдобро во кариерата“, напиша Елмас. 

 

Се вчитува...