Елмас блеска во Калчо-лигата: „Дијамантот“ дрибла и асистира, Наполи води во Болоња

Елиф Елмас продолжува со одличните игри во Калчо-лигата, откако „дијамантот“ блесна во дресот на Наполи и на гостувањето против Болоња.

Македонскиот ас тргна во дриблинг од левата страна, одлично си создаде простор и нафрли кон срцето на шеснаесетникот, каде Лозано одлично се снајде и го совлада домашниот голман.

 

Се вчитува...