Елмас: Да се повтори мечот од пред две години, се уште не се сметам лидер на оваа генерација

Новиот член на италијански Наполи, Елиф Елмас треба да биде еден од адутите на селекторот Игор Ангеловски на престојните два квалификациски натпревари против Израел и против Летонија.

Во очекување на дуелот со Израелците во Бер Шева на 5. септември, Елмас посакува повторување на оној натпревар од пред две години кога Македонија во Хаифа славеше со 0-1. Стрелец беше Горан Пандев а на асистенција токму на Елмас…

„Секако би сакал да се повтори тој натпревар од пред две години. Зборувам од резултатски аспект, не мора јас бидам асистент или стрелец но важно Македонија да победи. Имаме тим кој апсолутно може да се спротистави на Израел на нивни терен и сигурно ќе играме на победа“ – вели Елмас пред утрешното заминување за Израел, притоа коментирајќи дека апсолутно не се чувствува како лидер на оваа репрезентација.

„Не, се уште не се сметам за лидер на оваа репрезентација. Точно е дека мојот фудбалски развој оди во нагорна линија и верувам дека сега дополнително ќе напредувам во Наполи, но во македонската репрезентација има многу фудбалери кои се пред мене и кои се вистински лидери и од кои имам уште што да учам“ – скромно истанува Елмас.

Македонија со Израел игра на 5. септември во Бер Шева, а против Летонија дуелот е на 10. септември во Рига.

Се вчитува...