Де Лаурентис , во изјава за италијанските медиуми, потврди дека до крајот на неделава треба да се заокружи верификацијата на трансферот, по што за македонскиот репрезентативец ќе следат лекарски прегледи и промоцијата во новиот дрес.
„Вистина е. Елмас до крајот на неделава доаѓа во Наполи“ – вели Де Лаурентис.
Заокружувањето на трансферот следи откако веќе се договори заминувањето на Марко Рог во Ајнтрахт Франкфурт.
Инаку, сите детали меѓу Фенербахче и Наполи веќе се договорени. „Наполитанците“ ќе мора на турскиот тим да му платат 18 милиони евра, а Елмас, согласно најавите, ќе дибие петгодишен договор од 1,5 милиони евра по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА