Македонскиот репрезентатвец Елиф Елмас повторно доби шанса само низ последните минути во дресот на Лајпциг во германската Бундеслига. Во 18. коло од шампионатот Лајпциг пред своите навивачи на двапати имаше водство, но на крајот со гол примен во 91. минута загуби со 2-3 од Баер Леверкузен.
Елмас во игра влезе во 84. минута од средбата, одигрувајќи ги последните десет минути вклучувајќи го и судиското продолжение, но не успеа да му помогне на Лајпциг да ги избегне пораз од Баер кој до трите бода дојде со голот на Еквадорецот Пјеро Хинчапе во 91. минута.
Претходно, Лајпциг водеше со 1-0 и со 2-1 со головите на Симонс во 7. минута и Опенда во 56. минута, но Баер израмни на 2-2 со голот на Тах во 63. минута, за да потоа низ последните секунди дојде и до триумфот.
🚨🚨| GOAL: Leverkusen take the lead in the 90th minute!
RB Leipzig 2-3 Bayer Leverkusen pic.twitter.com/ht9bzdnwkw
— CentreGoals. (@centregoals) January 20, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА