Елмас доби конкуренција од Словенија

Елиф Елмас се соочува со нов предизвик да го задржи првотимскиот статус во клучниот дел од сезоната, откако Фенербахче во последниот ден од преодниот рок донесе нов фудбалер за врска.

Станува збор за 24-годишниот Словенец Миха Зајц, кој пристигна во таборот на „сино-жолтите“ од калчолигашот Емполи. Зајц беше најдобар поединец во таборот на Емполи во првиот дел од сезонава, постигнувајќи три гола на 20 одиграни натпревари.

Фенербахче играше катастрофално во првиот дел од сезоната, што беше причина за две тренерски смени во изминатите месеци, но и зголемена активност во овој преоден рок. Елмас одлично ја стартуваше сезоната, но остана во сенка на слабите тимски резултати, така што сега го очекува дополнителна борба за зачувување на првотимскиот статус.

Се вчитува...