Елмас доби подарок дрес од Барселона: Ти благодарам Луис Суарез….! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби подарок дрес од еден од најдобрите светски фудбалери, Луис Суарез. Дресот од Барселона со посвета „За Елиф“ до рацете на Елмас пристигна преку Мартин Шкртел, а македонскиот фудбалер тоа не можеше да го сокрие.

Елмас веднаш, преку својот Инстаграм профил, му се заблагодари на Суарез, и на Шкртел кој беше соиграч на Луис од Ливерпул.

 

Досега, Барселона не беше меѓу имињата кои се спомнуваа како можен следен клуб на Елмас, покрај Реал Мадрид, Тотенхем, Рома, Интер, Зенит… Но, ништо не е исклучено. Зошто да не!?

Се вчитува...