Елмас добива соиграч од Премиер-лигата?

Крилниот фудбалер на Кристал Палас, Вилфрид Заха, би можел да стане соиграч на нашиот Елиф Елмас и да потпише договор со Наполи. Екипата од „Сан Паоло“ не успеа во своите редови да ги донесе Хамес Родригез и Николас Пепе, па поради тоа ќе испрати понуда до премиерлигашот за услугите на младиот фудбалер.

Покрај, Наполи за неговите услуги е заинтересиран Евертон, кој гради тим со кој би можел да и се спротистави на големата шесторка во англискиот фудбал. Заха минатата сезона во дресот на Кристал Палас на 34 натпревари запиша 10 погодоци.

Се вчитува...