Напаѓачот на ПСВ Ајндховен, Ирвинг Лозано, е пред потпис со италијанскиот Наполи, пренесуваат мексиканските медиуми.
Преговорите меѓу двата клуба се успешно завршени, а Мексиканецот на „Сан Паоло“ ќе премине за сума од 40 милиони евра. Тој ги договорил и личните услови и прашање на време е кога ќе биде претставен во првиот тим како соиграч на нашиот Елиф Елмас.
Холандскиот великан неодамна беше елиминиран од Базел во квалификациите за Лигата на шампионите, а неочекуваната рана елиминација го натера раководството да се одлучи да го продаде фудбалерот кој минатата сезона постигна 17 гола во домашното првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА