Елмас дојде на прегледи во Рим, па со воз преку Тренто до Неапол (ФОТО)

Авантурата на Елиф Елмас во Наполи почнува денеска, откако македонскиот репрезентативец долета утрово во Италија. Македонскиот ас беше пречекан од клупските медицински лица, во чија придружба се упати кон „Вила Стјуарт“, каде врз него ќе бидат извршени детални лекарски прегледи.

Се очекува прегледите да траат неколку часа, а веднаш потоа Елмас придружуван со луѓет од клубот ќе фати воз за Тренто. Таму ќе го очекува клупски автомобил на „наполитанците“, кој ќе го одведе до тренинг кампот каде ќе биде пречекан од тренерот Карло Анчелоти и од новите соиграчи.

Елмас од утре ќе почне со тренинзи во новиот клуб, во обид што поскоро да остави впечаток кај стручниот штаб и да добие шанса на терен да ги покаже своите вонсериски квалитети.

Се вчитува...