Елиф Елмас може да биде голем џокер за ново-стариот тренер на Наполи, Валтер Мацари. Македонскиот играч влезе во игра и во 80. минута постигна гол, со кој гостите дојдоа до предност од 1-2, и се наоѓаат пред триумф во Бергамо.
Репрезентативецот на Македонија во 63. минута влезе од клупата на местото на Политано, а 16 минути подоцна на асистенција на Осимен, успеа да го совлада Карнесеки.
Елмас веднаш почна да се наметнува кај Мацари, дека може да се смета на него во иднина, со оглед дека кај претходникот Гарсија не добиваше многу шанса да игра.
EJLIF ELMAS LE JOUEUR LE PLUS CLUTCH DE L’HISTOIRE ! pic.twitter.com/wUD5l1jc3a
— Football Macédonien FR 🇲🇰 (@FrMacedonien) November 25, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА