Елмас е хит во Турција: Фенербахче нема пораз од Галатасарај дома од 1999 година…. И, тогаш се роди Елиф! (ФОТО)

Како никогаш претходно по неговото пристигнување во редовите на Фенербахче, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е во фокусот на фудбалската јавност во Турција и турските медиуми.

Покрај постојаните шпекулации околу неговата иднина и заинтересираноста на бројни европски гиганти за неговите услуги, почнувајќи од Реал Мадрид преку Тотенхем, Борусија Дортмунд, Интер и се до Рома, Елмас е повеќе од интересен за турските медиуми и поради неговата младост, нескриениот талент, карактер и потенцијал кој го носи со себе на стартот од своите вистински фудбалски предизвици кои го очекуваат во иднина.

Интересна е споредбата која се лиферува по социјалните мрежи по натпреварот на Фенербахче и Галатасарај во кој Елмас со својот погодок не дозволи пораз за Фенер…

„Последен пат кога Галатасарај успеал да го победи Фенербахче на домашен терен беше во 1999 година. Е, тогаш се роди момче во Македонија и го нарекоа Елиф Елмас. Тоа момче порасна и сега веќе не дозволува да биде соборен тој рекорд на Фенербахче“.

 

Се вчитува...