Елмас е играч за големи натпревари – „дијамантот“ блесна кога е најважно за Наполи (видео)

Елиф Елмас погодува кога е најважно за Наполи, македонскиот „дијамант“ ја продолжи серијата добри настапи во Калчо-лигата со значаен погодок на гостувањето против Аталанта, со кој Елмас стави печат на големиот триумф на „наполитанците“.

Резултатот гласеше 1-2, а домаќините се обидуваа да стигнат до израмнување кога Наполи тргна во контранапад преку Лозано, Елмас одлично втрча од позадина и откако доби топката од Мексиканецот во манир на голем стрелец ја смести во мрежата на домашниот состав. Голот не Елиф Елмас во Бергамо можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Елмас влезе во игра во второто полувреме на местото на Политано, но со прикажаното уште еднаш потврди дека заслужува уште поголема минутажа од тренерот Спалети.

Се вчитува...