Елмас е сигурен стартер на дербито со Аталанта

Елиф Елмас ќе биде еден од главните адути на тренерот Лучијано Спалети на претстојниот дерби дуел со Аталанта, на кој македонскиот репрезентативец ќе биде сигурен стартер по проблемите со повреди со кои се соочува стратегот на Наполи.

Лоренцо Инсиње дефинитивно ќе ја загуби трката со времето и нема да биде во комбинација за настап против Аталанта. Тој се повреди на последниот меч против Сасуоло заедно со Руиз и со Кулибали, па иако постоеше најава дека Инсиње би можел да настапи викендов, последните прегледи потврдија дека повредата не е наивна и ќе мора да се паузира уште извесно време.

Елмас на дуелот со Сасуоло влезе во игра токму на местото на Инсиње, но Спалети дополнително ќе реши каква улога да му додели на Македонецот, дали на левата страна од напаѓачкото трио, или пак како класичен плејмејкер на местото на Руиз.

Наполи по 15 одиграни кола е лидер на табелата со вкупно 35 освоени бода, еден повеќе од Милан и пет повеќе од утрешниот ривал Аталанта.

Се вчитува...