Елмас е за големи нешта: Без тренинг дебитираше за Наполи (видео)

Елиф Елмас не мина ниту 24 часа во новиот клуб, а веќе доби шанса да ги покаже своите квалитети во дресот на Наполи. Македонскиот репрезентативец се најде меѓу резервите на пријателскиот меч со Кремонезе, а повредата на Малкуит во 67. минута го натера Карло Анчелоти и порано од планираното да му даде шанса на Елмас да одигра натпревар во дресот на „наполитанците“.

Во првата акција на Наполи по неговото влегување во игра „наполитанците“ постигнаа погодок за водство од 3-2, откако претходно губеа со 0-1 и со 1-2.

Се вчитува...