Елмас: Фудбал почнав да играм од 4 годишна возраст, камењата ни беа стативи

„Дијамантот“ Елиф Елмас, кој завчера играше против Барселона на „Ноу Камп“, раскажуваше за своите почетоци во фудбалот.

„Фудбал играм од 4-5 години, со другарите игравме на улица секој ден во Бутел. Тоа беше единственото место каде можев да играм. Два камења ни беа стативи и игравме, и така се вљубив во овој спорт“, рече Елмас.

Тој додаде дека сака уште долго да остане во Неапол, и да освојува титули.

„Гледам луѓе кои го сакаат Наполи искрено, и на стадионот има толку многу емоции. Особено името на Марадона кое во мене создава посебна емоција. Знаеме дека тој беше легенда каква што ќе го памети светот“, вели македонскиот репрезентативец.

За жал, Елмас нема да игра со Италија во баражот за Светско првенство поради картони. Тој вчера кажа дека и Македонија и Италија имаат подеднакви шанси за пласман во финалето на баражот.

Се вчитува...