Елмас ги израдува најмладите во тетовско Јеловјане (ФОТО)

Еден од најдобрите македонски фудбалери Елиф Елмас пред приклучувањето на подготовките на националниот тим за стартот во Лигата на нации, низ деновите на одмор во Македонија никогаш не ги заборава ниту најмалите.

Елмас доби неколку денови плус за одмор по напорната сезона во Италија, а денеска тоа го искористи за да ги израдува дечињата во основното училиште во тетовско Јеловјане.

Македонскиот репрезентативец приреди вистинско изненадување за најмладите во Јеловјане кои имаа несекојдневна можност да се запознаат со еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата.

Се вчитува...