Елмас го чекаат во Неапол, а тој се појави во Истанбул

Трансферот на Елиф Елмас од Фенербахче во Наполи треба да е завршена работа според италијанските медиуми, кои најавија дека македонскиот репрезентативец денеска треба да пристигне во Неапол за лекарски прегледи и потпис со новиот клуб. Сепак, дека сите детали од трансферот не се договорени доволен доказ е фактот што Елмас денеска наместо во Неапол се појави на аеродромот во Истанбул, каде беше пречекан од турските новинари.

„Не знам ништо за трансфер, штом сум овде значи дека ништо не е договорено. Тука сум за да се приклучам на подготовките на Фенербахче“ – изјави Елмас веднаш по слетувањето во Истанбул.

Преговорите се во тек, а „наполитанците“ дефинитивно ќе треба да ја зголемат понудата ако сакаат да ја добијат трката по македонскиот ас, за кого интерес покажуваат уште неколку врвни клубови ширум Европа.

Се вчитува...