Елмас го имитира Хамшик (видео)

Елиф Елмас сака да остави што посилен впечаток во дебитантската сезона во Наполи, па реши да го имитира Марек Хамшик. Македонецот не добива доволно шанси тоа да го стори на теренот, па се обиде со имитација надвор од теренот, со имиџ многу сличен на оној по кој Словакот е препознатлив во светскиот фудбал.

Останува само уште тренерот Гатузо да му укаже поголема доверба на македонскиот „дијамант“, за тој да добие шанса и на теренот да потсети на Хамшик.

Можеби тоа ќе биде случај веќе вечерва, на големото дерби меѓу Наполи и Интер.

Се вчитува...