Елмас го стигна Пандев по бројот на настапи во Наполи

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, го стигна Горан Пандев по бројот на настапи во дресот на Наполи. Пандев заврши со 124 настапи во дресот на тимот од Неапол, а во моментов Елмас со настапот против Торино ја има истата бројка, и веќе на следниот меч ќе може да го надмине својот некогаш соиграч во репрезентацијата.

Во моментов по бројот на настапи, двајцата го делат 108. место на вечната листа со најголем број на настапи во дресот на Наполи.

Елмас е дел од Наполи од 2019 година, кога дојде од Фенербахче. Пандев, пак, беше дел од овој тим од 2011 до 2014 година.

Играч кој има најголем број на настапи за Наполи и натаму е Марек Хамшик кој има 520 настапи за овој тим.

Се вчитува...