Елмас: Голот со Пелистер беше убав, но поважна е победата на Работнички

Елиф Елмас постигна прекрасен погодок против Пелистер, со кој „романтичарите“ славеа победа во Охрид и се вратија на третото место на табелата. Младинскиот репрезентативец е среќен поради убавиот гол, но вели дека уште повеќе му значи триумфот на Работнички над директниот конкурент за излез на европска сцена.

„Среќен сум што постигнав убав погодок, беше одбележан и во медиумите како еден од најубавите во досегашниот тек од сезоната. Ја следев топката по центаршутот од десната страна, Ивановски ја префрли со глава, а јас зафатив волеј и, за среќа, таа заврши зад грбот на голманот на Пелистер. Уште посреќен сум што со тој погодок Работнички стигна до многу важна победа и три бода. Но, сега тоа е веќе зад нас и се подготвуваме за следниот предизвик. Верувам дека ќе одиграме исто така квалитетно и на саботниот меч против Силекс и дека ќе се радуваме на нова победа“, изјави Елмас за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...