Елиф Елмас би можел официјално да дебитира во Серија А на гостувањето на Наполи против Фиорентина во првото коло од новата сезона во Серија А, кое е закажано за 25 август. Само една седмица подоцна, следи големо дерби меѓу Јувентус и Наполи во Торино.
На стартот од сезоната, Горан Пандев со Џенова ќе игра против Рома на „Олимпико“, а Илија Несторовски со Удинезе ќе го пречека Милан. Тука постои можност за „македонски дуел“, доколку Александар Трајковски до почетокот на шампионатот потпише за „росонерите“.
Интер во првото коло ќе игра дома против Лече, а Сампдорија ќе биде домаќин на Лацио.
Во четвртото коло ќе се игра и градското дерби на Милано меѓу Милан и Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА