Елмас и другарите се на чекор до ЛШ

Елиф Елмас и Наполи се на чекор до обезбедување на пласман во Лигата на Шампионите наредната сезона откако „сино-белите“ попладнево триумфираа на гостувањето против Фиорентина со 0-2, враќајќи се на четвртото место на табелата.

Првото полувреме донесе израмнета битка во која најголемо возбудување беше слободниот удар на Инсиње што заврши во гредата на домашниот состав. Отпорот на Фиорентина беше скршен на почетокот од второто полувреме, Инсиње беше стрелец на водечкиот погодок откако голманот кратко ја одби топката по одбранетиот пенал, а само неколку минути подоцна Зиелински зголеми на 0-2. Елиф Елмас не доби шанса да настапи на овој натпревар од тренерот Гатузо.

Наполи во последното коло ја пречекува Верона, меч на кој тимот на Елмас со три бода и дефинитивно ќе го осигура своето место во Топ 4 на табелата

Се вчитува...