Елмас и Фенер, со новиот тренер, до реми на големото дерби против Галатасарај

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Фенербахче ремизираа (2-2) против Галатасарај во големата дерби пресметката од 11. коло во турскиот шампионат.

Галатасарај имаше предност и од 2-0 до 50. минута, но Фенербахче со головите на Валбуена во 66. минута од пенал и на Жаилсон во 72. минута стигна до 2-2. Елиф Елмас беше еден од позаслужните за вториот гол на Фенербахче откако пред акцијата која водеше кон голот пресече топка на половината на Галатасарај проигрувајќи го асистентот Валбуена.

Елмас имаше извонредна шанса во 85. минута да донесе целосен пресврт и победа од 3-2 на Фенербахче но неговиот шут од 12 метри го одбрани домашниот голман. Македонскиот репрезентативец го одигра целиот натпревар во дресот на Фенербахче кој од денеска има и нов тренер во името на Холанѓанецот Ервин Куман, кој го наследи сонародникот Филип Коку.

Се вчитува...