Елмас и Инсиње се чекор поблиску до ЛШ, Удинезе без шанси во Неапол

Наполи направи чекор напред кон обезбедување на учество во Лигата на Шампионите во наредната сезона откако тимот на нашиот Елиф Елмас славеше на дуелот против Удинезе со 5-1.

Победникот беше решен по само триесетина минути игра, откако „наполитанците“ поведоа со 2-0 преку Зиелински и Фабијан Руиз. Пред крајот на полувремето Удинезе намали на 2-1, за во вториот дел Наполи целосно да доминира и да стигне до убедлив триумф со головите на Лозано, Ди Лоренцо и на капитенот Лоренцо Инсиње. Елиф Елмас влезе во игра во 76. минута од натпреварот на местото на Зиелински.

Наполи со оваа победа привремено се искачи на второто место на табелата со еден бод повеќе од Аталанта и Милан, но што е уште поважно, „плус четири“ во однос на петтопласираниот Јувентус, со меч повеќе во однос на сите ривали.

Се вчитува...