Елиф Елмас и неговиот Наполи полека, но сигурно ја предаваат титулата во домашниот шампионат откако вечерва загубија на домашен терен од Лацио со 0-2 во натпревар од 33. коло од Серија А.
Гостите поведоа со 0-1 во 6. минута со погодокот на Канчелиери. До крајот на првиот дел „лацијалите“ можеа да имаат и 0-2, но Милинковиќ – Савиќ успешно го одбрани пеналот на Закањи. Сепак, Лацио во вториот дел стигна до 0-2 и триумф со погодокот на Башиќ во 57. минута.
Елиф Елмас влезе во игра во второто полувреме и одигра до крајот на мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
