Елмас и Наполи со видео-порака: СТОП на војната!

Фудбалерите на Наполи преку видео-порака испратија нов апел за прекинување на воените дејствија во Украина, повторувајќи ја желбата за мирно решавање на конфликтот.

Сите интернационалци говореа на својот мајчин јазик, па на видеото се појави и Елиф Елмас, со порака „СТОП на војната“.

„Живееме во опасен и драматичен период и ние како клуб, како и сите наши следбеници, испраќаме порака за мир. Со надеж дека доброто наскоро ќе триумфира над злото“, напиша Наполи на социјалните мрежи крај објавата на видеото.

Се вчитува...