Елмас и Наполи украдоа бод на „Енфилд“, Барса сигурна за пласман во нокаут фазата

Елиф Елмас и Наполи ремизираа 1-1 против Ливерпул, а македонскиот репрезентативец одигра десетина минути во финишот на легендарниот „Енфилд Роуд“ против актуелниот европски првак. Дрис Мертенс во 21.минута ги доведе „наполитанците“ во водство, а израмни Дејан Ловрен со удар со глава во 65.минута. Наполи со триумф дома над Генк ќе се пласира во нокаут фазата, а Ливерпул му гостува на Салцбург во Австрија и ќе треба да не загуби. Салцбург вечерва славеше против Генк со 1-4 во Белгија.

Барселона по пет кола во групата Ф се пласира во нокаут фазата како првопласиран тим откако ја совлада Борусија Дортмунд со 3-1 на „Камп Ноу“. Луис Суарез и Лионел Меси донесоа предност од два гола по првото полувреме, Антоан Гризман зголеми на 3-0, а единствениот погодок за „милионерите“ беше дело на Џејдон Санчо во 77.минута.

Интер славеше со 1-3 на гости против Славија Прага и ги оживеа шансите за пласман во следната рунда. Лаутаро Мартинез донесе водство, а во 37.минута се случо ВАР проверка, но откако Лукаку постигна гол. Сепак, акцијата беше вратена една минута претходно и беше досуден пенал за Славија Прага што го реализира Соучек. Но, во финишот Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез сепак донесоа триумф за Интер.

Ајакс го совлада Лил на гости го 0-2 и се искачи на врвот во групата Х со 10 бода. Хаким Зијеч и Квинси Промес беа стрелци на головите за холандскиот првак.

Лајпциг и Бенфика одиграа 2-2. Пици и Винисиус донесоа водство за Бенфика од 0-2, но Емил Форсберг со два гола во финишот спаси бод за Лајпциг.

 

Се вчитува...