Елмас и Несторовски само од клупата за резерви го проследија ремито на Удинезе и Наполи

Македонските репрезентативци Елиф Елмас и Илија Несторовски не добија шанса да заиграат еден против друг во Серија А останувајќи само на клупата за резервни фудбалери во пресметката меѓу Удинезе и Наполи во 15. коло.

Дуелот во Удине заврши без победник (1-1) откако домашните поведоа со голот на Ласања во 32. минута, а Наполи израмни преку Зјелински, на асистенција на Мертенс, во 69. минута.

Несторовски и Елмас само од клупата за резервни фудбалери го проследија натпреварот.

Се вчитува...