Елмас и соиграчите на божиќна вечера во Неапол

Македонскиот интернационалец Елиф Елмас со соиграчите од Наполи беше на божиќна вечера во Неапол. Ѕвездите на Наполи беа гости во еден од најпознатите ресторани во градот, „Д’Анџело Санта Катерина“ каде сигурно освен стандардните желби за здравје и среќа си посакаа и подобри резултати во периодот што следи.

Наполи ја доби Барселона за противник во осминафиналето на Лигата на шампионите, а во моментот се наоѓа на осмото место на табелата во Серија А со 21 освоен бод. На 22 декември „наполитанците“ му гостуваат на Сасуоло.

Се вчитува...