Елмас и соиграчите со рекордна добивка во шампионската сезона

Екипата на Наполи забележа рекорден профит од 80 милиони евра во сезоната 2022/23 во која ја освои шампионската титула, пишува „Калчо е Финанца“.

Финансиските извештаи покажуваат дека шампионот остварил профит од 79,7 милиони евра. За споредба од претходната сезона, Наполи имаше загуба од 50 милиони евра. Тоа значи дека приходите се зголемени за 130 милиони евра во однос на претходната година.

Целиот промет на тимот од Неапол изнесуваше 359,2 милиони евра, од кои 160,9 милиони се за ТВ правата, 79,6 милиони од капитални добики од трансфер пазарот. За време на сезоната 2021/22 прометот беше 175,9 милиони. Што се однсеува до расходите, во 2022/23 беа 241,1 милиони, а етна догина претходно беа 242 милиони.

Се вчитува...